Владата со 100.000 евра субвенционира сончеви колектори

Bez autora
Apr 15 2013

Со шест милиони денари, односно околу 100.000 евра, Владата и годинава ќе ги субвенционира граѓаните што ќе вградат сончев колектор во својот дом. Според министерот Ваљон Сараќини интересот кај граѓаните бил значително зголемен бидејќи со инвестиција од 36 илјади денари се заштедува околу 1000 денари месечно. Огласот за добивање субвенција е веќе објавен и трае до 31 мај. Анализите направени во Министерството за економија покажуваат дека инвестицијата се враќа за три до четири години. Со инсталирање на сончев колектор кој чини 36 илјади денари месечната заштеда е 1.000 денари. Тоа значи дека годишно се заштедува околу 12 илјади денари што значи дека инвестицијата се враќа за околу три години. Во Република Македонија постојат од 500 до 600 илјади домаќинства и доколку сите инсталираат сончеви колектори тогаш како држава би заштедиле до една милијарда евра долгорочно.

Владата со 100.000 евра субвенционира сончеви колекториСо шест милиони денари, односно околу 100.000 евра, Владата и годинава ќе ги субвенционира граѓаните што ќе вградат сончев колектор во својот дом.

Според министерот Ваљон Сараќини интересот кај граѓаните бил значително зголемен бидејќи со инвестиција од 36 илјади денари се заштедува околу 1000 денари месечно.

- Радува фактот што секоја година се повеќе граѓани аплицираат во Министерството за економија за добивање субвенции. Тоа е добро и се надевам дека во иднина интересот ќе расне и Министерството ќе може да ја прошири програмата, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сараќини на Отворениот ден Купи сончев колектор - аплицирај за субвенција".

Огласот за добивање субвенција е веќе објавен и трае до 31 мај.

Анализите направени во Министерството за економија покажуваат дека инвестицијата се враќа за три до четири години.

- Со инсталирање на сончев колектор кој чини 36 илјади денари месечната заштеда е 1.000 денари. Тоа значи дека годишно се заштедува околу 12 илјади денари што значи дека инвестицијата се враќа за околу три години. Во Република Македонија постојат од 500 до 600 илјади домаќинства и доколку сите инсталираат сончеви колектори тогаш како држава би заштедиле до една милијарда евра долгорочно, посочи Сараќини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik